Could not display the flash because does not appear to exist.

Училиште на соларна енергија во Колешино

02.05.2011 - 17:20 |

Основното училиште ,,Видое Подгорец,, од Колешино стана првото соларно училиште во државата но и во поширокиот регион.

Со поддршка на УСАИД како дел од ПЕП програмата во училиштето е инсталиран соларен фотоволтаичен систем преку кој истото самостојно ќе обезбедува електрична енергија доволна да ги задоволи сите потреби на училиштето. Паралелно, реализацијата на овој проект ке даде и голем придонес во областа на екологијата и зачувување на животната средина.

,,ОУ „Видое Подгорец“ сега може да произведува стабилна електрична енергија која не ја загадува средината и која е тотално независна од јавната мрежа за снабдување, а Ново Село, е првата општина која воспостави образовен фонд што ќе ги користи заштедите што се создаваат со користење на соларниот систем и ќе бидат повторно употребени за подобрување на образованието во општината,, вeли Роберт Вуртц, директор на мисијата на УСАИД во Македонија.

Проектот на УСАИД за основно образование ПЕП е наменет за сите основни училишта во Македонија и се стреми да го зголеми квалитетот на наставата и да ги подобри вештините на учениците за вработување.

Целта на проектот е да го зајакне образованието во Македонија и да ги поддржи напорите за децентрализација на Македонија, на нејзиниот пат кон Европа.

Од 1993 година УСАИД има вложено преку 500 милиони долари во Македонија.

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk