Средба Груевски - Пападемос на 1 март во Брисел

24.02.2012 - 18:44 |

Премиерот Никола Груевски на 1 март во Брисел ќе се сретне со својот грчки колега Лукас Пападемос. Информацијата ја потврдија од македонската Владата.

Пред повеќе од еден месец премиерот Груевски поведе иницијатива до грчкиот премиер за одржување средба и продолжување на дијалогот по период на подолга стагнација.

Пападемос ја прифати иницијативата и предложи средбата да се одржи во Брисел. Македонскиот премиер веднаш позитивно одговорил на понудата за што е известена грчката Влада.

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk