До први април, новата одбрана на Идризи ќе треба да го проучува обвинението напишано на илјада страници.
До овој рок обвинитите, ако сакаат ќе мора да ги подгнат и преводите од предметот.
Не ги земаат зошто судот бил должен бесплатно да им ги предаде. Пратеникот Џемаили имаше 300,000 евра за гаранција, но не и 5.000 денари за преводот на албански.
И по десетина одложувања судскиот процес за случајот мавровски работници се уште е на почеток. Недостапните станаа достапни, но се уште се наоѓа нова причина за одложување. Адвокатите се реални. Ова потврдува дека уште долго ќе се одложува стартот.
Случајот Мавровски работници, е единствениот кој од четирите Хашки случаи стратуваше во судот. Но, и по година и половина се уште тапка во место. Наредното рочиште е закажно за првиот ден од идниот месец.
Коментирај