Се договараат термините за посета на Нимиц на Скопје и Атина

08.02.2010 - 21:52 |

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц работи на усогласување датум за посета на Македонија и Грција, соопшти денеска портпаролот на ОН Ванеса Маестрачи.

- Амбасадорот Нимиц работи на усогласување заеднички прифатлив датум за посета на регионот на покана на владите на двете земји. Датумот ќе биде објавен откако ќе биде постигнат договор за тоа, се вели во соопштението од Маестрачи.
 
Од МНР потврдија дека во меѓусебни консултации начелно го договориле 25 февруари како датум кога Нимиц треба да ја посети Македонија. Засега нема информации кога ќе ја посети Атина.
 

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk