Пожар во стан во Ново Лисиче
Благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба со 3 возила пожарот не се проширил и во другите простории од станот.
Во пожарот полесно е повредена станарка, која најверојатно вдишала од чадот , а причинета е материјална штета од 600.000 денари.
Причините за пожарот се уште се утврдуваат, а ќе бидат соопштени во текот на денот.








