По вчерашната драма во Мичурин се бара стан за двете семејства

11.03.2010 - 18:06 |

Две семејства, две различни судбини, една иста цел, да се реши стамбеното прашање. По вчерашниот инцидент при обидот за исселување на семејството Мицеви од станот во Мачурин, Сител во потрага по вистината.

Аце Несторовски, несудениот станар на "Руди Чајевац"  11 обвинува, семејството Мицови преку однапред режирани телевизиски прилози глуми жртва пред македонската јавност.

Несторовски со документи докажува дека државата му го доделила спорниот стан, но и покрај ваквата одлука, семејството Мицови и натаму го узурпира имотот, а тој со својата сопруга и трите деца живее по кирија во оваа трошна куќичка.

Но, своја вистина си има и семејството Мицови. Велат, овде живееме повеќе од 15 години како станари без целосна документација за имотот.

Мицов додава дека пропустот е направен кога станот во кој живее неговото семејство од непознати причини повеќе од 14 години не бил заведен во државната евиденција како стан во кој живеат луѓе без целосна документација за него, односно на диво.

 
Доколку тоа се случело, семејството Мицови ќе можело врз законот за домување да се стекне со право да го откупи станот на отплата од 25 години. Но, државата ги заборавила. Тие се внесени во евиденцијата од средината на 2009, а законот ги опфаќа само оние кои се евидентирани до крајот на 2008 та година.
Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за Сител признаваат дека постојат пропусти, но вината за тоа ја префрлаат на други институции.
 
Се надеваат дека епилогот на овој проблем ќе биде решение кое ќе ги задоволи и двете страни. А до тогаш, семејството Мицови живее забарикадирано во оваа барака во страв да не бидат насилно иселени, а Несторовски секој месец плаќаат кирија.
 
Александар Спасовски
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk