Министерот за одбрана Коњановски во посета на Словенија

19.03.2010 - 10:17 |

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски кој престојува во тридневна официјална посета на Словенија, денеска во Љубљана ќе се сретне со неговата словенечка колешка Љубица Јелушиќ.

За време на  посетата, која е во насока на продолжување  и јакнење на соработката во областа на одбраната, министерот Коњановски ќе има средби и со претседателот на Одборот за одбрана во словенечкиот Парламент Јожеф Јеровшка, со претставници на македонските културни друштва во Словенија и на Словенечко-македонскиот деловен клуб.

На средбите, покрај за билатералната соработка, ќе се разговара и за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за натамошните активности на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската унија.

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk