Касати, на прес - конференцијата одржана по средбата со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, рече дека смета оти во Врело постои значаен извор на вода за пиење кој во догледно време, може да биде исклучително значаен за снабдување на градот. Од тие причини тој мисли дека ваква природна реткост треба посебно да се заштити.
Што се однесува до самото нуркање и длабочината од 212 метри до која дојде, со што Врело стана најдлабока истражена пештера на Балканот, Касати истакна дека оштетувањето на еден од рефлекторите е причината поради која не отишол подалеку.
- Кога си во пештера, единственото што го слушаш е шумот на сопственото дишење. И кога одеднаш ќе слушнеш експлозија, навистина не е пријатно. Во тој момент, признавам, почувствував страв и решив да се вратам назад, рече Касати.
На оваа длабочина се наоѓа голема пространа галерија широка 45 и висока 25 метри. Таа завршува на околу пет метри подлабоко каде се појавуваат два нови крака од кои едниот оди хоризонтално, а вториот продолжува во длабочина. Тој е потесен, широк е околу 4 и висок 2 метри, но според спелеонуркачите дава простор за нуркање и тој ќе биде цел на истражувањето идната година. Тогаш веројатно ќе се истражуваат и некои други галерии кои Касати ги има сретнато, како онаа на длабочина од 70 метри или на 180 метри.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски со кого се сретнаа членовите на меѓународната експецидија, информираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи е обезбеден хелихоптер за снимање на Матка од воздух, за да може целосно да се комплетира веќе снимениот материјал и да се изработи филм за Врело и Матка. За оваа цел од Италија е дојден познатиот камерман и продуцент Алесандро Гати така што овој филм ќе се емитува и на италијанските програми.
Годинешното истражување на пештерата Врело, покрај Градот Скопје, го помогнаа и Министерството за економија, Мобилниот оператор ОНЕ, ЕЛЕМ, Ремедика, ЈП Јасен, Агенција за заштита и спасување и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
Се вчитува...
цццццц
нарочно немаат отидено понатаму бидејќи многу малку фалаше,само уште неколку метри да биде нов рекорд во Европа!!!Не се луди,да ја експонираат европјаните Македонија на било кое поле дека сме во нешто пред нив...цццц брејјјјј!!!
Коментирај