Луиџи Касати, предводникот на нуркачката експедиција денеска во Врело се спушти до 212 метри, воедно достигнувајќи го и својот личен рекорд кој неодамна го поставил во пештерата Врело Уно во Хрватска.
Убавата вест ни ја соопшти неговиот придружник, италијанскиот спелеонуркач Алесандро Фатини.
Ова е скршената батериска ламба поради која Луиџи мораше да го запре нуркањето на 212-тиот метар.

Откако му помогна да ја извади опремата, Надја Боки, се подготви да се спушти во длабочините, за да му помогне на Луиџи при излегувањето и да му ги пренесе пораките од површината.
Ако се има предвид податокот дека пештерата продолжува во уште два нови, неистражени кракови, тогаш најверојтано догодина, Врело ќе стане најдлабоката подводна пештера во Европа.
Како главен покровител на целата нуркачка експедиција годинава се јави Градот Скопје кој за таа намена одвои 1 милион денари.
Александар Спасовски
Се вчитува...
bravo
a da ne snae nekoj kolku e najdlabokata u svet
Коментирај