Дебакл на конференцијата во Брдо, Србија клучен играч

20.03.2010 - 16:48 |

Тадиќ и Ромпуј не дојдоа, Филе остана само еден час, а Шпириќ не го слушна говорот на Тачи. Конференцијата за меѓусебно разбирање го покажа балканскиот проблем.

- Ова е чекор во добра насока и секако е многу важно за развојот на регионот - вели комесарот за проширување Штефан Филе.
 
- Жално е што Тадиќ не дојде, но неговото место е овде. Сите ние кои сме на патот кон ЕУ мораме да градиме добрососедски односи зошто тоа е клучно за нашиот напредок - вели Сали Бериша.
 
- Ова е многу добра можност за напредок, да се покаже дека сите ние кои сме овде сме за меѓусебен дијалог и соработка како и за регионална стабилност - вели Хашим Тачи.
 
Успехот на самитот очигледно беше забележлив во изјавите на Пахор и Косор. Двајцата организатори на првиот безуспешен обид да се седнат на иста маса лути противници, се убедени дека ова е чекор напред, без разлика што не беше се како што очекуваа. За нив е важна пораката дека билатералните проблеми треба да се решаваат овде, за патот кон Унијата да биде полесен.
 
- Мислам дека покажавме дека секој е потребен секому - вели Пахор.
 
Прашањето за името беше дел и од оваа конференција. Македонија покажа дека интерес за решавање на проблемот постои од наша страна и тоа поголем бидејќи Грција веќе е и во Унијата и во НАТО.
 
- Еден ден сите ќе бидат дел од една држава од ЕУ, можеби тогаш се ќе изгледа полесно, но тој пат треба да се изоди и решенијата да се изнајдат - вели Груевски.
 
Дали Европа го блокираше самитот во Брдо, ќе покаже идниот состанок во Сараево. Ромпуј овој пат успеа неговото присуство да го услови со присуството на Тадиќ, но дали во јуни, на средбата која ја организира шпанското претседателство ќе се појават сите останува неизвесно.
 
Може ли Словенија да биде лидер на Западниот Балкан кога овдешната опозиција вели дека тие не се дел од Балканот туку од централна Европа. Првиот обид очиглено пропадна. Денеска не им успеа да ги седнат на иста маса сите држави од поранешна Југославија.
 
Иван Кузмановски
 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk