Аптеките во скопските поликлиники заглавени во судот

08.02.2010 - 20:29 |

Заглавени низ судските лавиринти Здравствен дом Скопје не може да ги издаде под концесија објектите за аптеки во скопските поликлинки.

Повеќе од пет месеци нема кој да ги исели поранешните кираџии Градски аптеки кои им должат 300.000 евра. Овие аптеки не само што долго време не плаќале кирија и режиски трошоци туку ги изгубија и дозволите за работа од Бирото за лекови.
 
Реагирале и пациенти кои биле научени од лекар директно да ги земат лековите во аптека. Но од Здравствен дом велат дека не можат сами да направат попис бидејќи на рафтовите има и лекови со поминат рок кои некој треба соодветно да ги уништи.
 
- Треба да се формира мешовита комисија од Бирото за лекови, Здравствен дом и Градски аптеки и да направи попис. Потоа ние ќе може да ги дадеме објектите под концесија - вели Боби Бојчевски од Здравствен дом Скопје.
 
Наспроти ваквата изјава, директорот на Бирото за лекови вели дека со одземањето на дозволите за неисполнувањето на условите за работа нивните обврски се завршени. Согласно договорите за закуп и без попис здравствен дом може да ги поврати објектите но мора да добијат извршно судско решение.
 
Здравствен дом Скопје и Градски аптеки ги потпишаа договорите за закуп на 11 аптеки во 2007 година неколку месеци по продажбата на фармацевтскиот гигант. Неговото пропаѓање кое заврши со стечај значи дека Здравствен дом Скопје долгот ќе го наплати од стечајната маса.
 
Сања Димитровска
 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk