Али Ахмети реизбран на функцијата лидер на ДУИ

19.12.2009 - 18:52 |

Али Ахмети ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Демократската унија за интеграција во наредните четири години, едногласно решија 614-те делегатите на вториот партиски конгрес на ДУИ, што се одржа денеска во Скопје.

 

Иако има место за незадоволство,  тоа не е причина за сомневање во функционирањето и одговорностите што ги има коалицијата за управување со државата во наредниот период, рече Ахмети во обраќањето на конгресот што се одржа под мотото „Ги оживуваме идеалите“.
 
Тој посочи дека Албанците се заинтересирани за решавање на спорот за името со Грција, бидејќи нивната цврста определба и натаму останува членството на Македонија во НАТО и во Европската унија.
 
- Коалициските односи се отворени и јасно дефинирани за заедничко владеење. Оваа коалиција се базира на основни начела - продолжување на спроведувањето на Охридскиот договор кој е приоритет, интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ и стратегијата за економски равој на земјава, истакна Ахмети.
 
Според него, во изминатите четири години, ДУИ била активна во креирањето на надворешната политика на Македонија и кон соседите. Односите со Грција паѓаат во сенка поради спорот со името, но не е точно дека Албанците не се заинтересирани за негово решавање, забалежа Ахмети.
 
- Во последно време се направени позитивни чекори, особено директните контакти на двајцата премиери во Брисел и Преспа, на министрите и други функционери. Благодарни сме и на сите пријатели на Македонија кои не поддржуваат и поттикнуваат во овој процес. Како и сите граѓани на земјава и ние сме многу заинтересирани за надминување на спорот, рече Ахмети.
 
Тој апелираше да се реши статусот на борците на ОНА, бидејќи, како што додаде, тоа ќе придонесе во зајакнувањето на довербата меѓу двете заедници.
 
Во наредниот мандат претседателот на ДУИ најави дека ќе го решава и прашањето за употребата на албанскиот јазик. И покрај тоа што е усвоен Законот за негова употреба, тој смета дека не ги исполнува сите потреби и не е во согласност со Охридскиот договор. Според него, направени се добри резултати во правичната застапеност, образованието и децентрализацијата.
 
На денешниот конгрес, на кој е и изберот на 75 членови на Централниот одбор, како гости присуствуваа претставници од Коалицијата „За подобра Македонија“. Делегацијата од коалцискиот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ја предводеше генералниот секретар Мартин Протоѓер,  а присуствуваа и претставници од СДСМ, Нова демократија, НСДП, гости од Албанија, Косово и Црна Гора.

 

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk