„Мавровските работници“ ќе заглават во политичките игри

25.12.2009 - 20:58 |

Шкодран Идризи, првообвинетиот за малтретирањето на мавровските работници се враќа во Македонија. Идрзи вчера бил уапсен во Леверкузен, а се очекува германските власти да го екстрадираат во Македонија.

Шкодран Идризи се бараше со две меѓународни потерници една за фалсификување на патни исправи и друга за мавровските работници. Според Министерството за правда, екстрадицијата се дозволува заради извршување на едногодишната казна затвор за фалсификување на исправа и за обвинението од Јавното обвинителство за случајот Мавровски работници.
 
Мавровски работници по десетина одложувања останаа само на стартот. Досега судскиот процес се одложуваше поради повеќе причини - еднаш не беа достапни обвинетите, кога станаа достапни, адвокатите бараа превод на сите документи на албански јазик.
 
Некои од обвинетите беа во Албанија, некои на печалба во Германија, а за повеќето обвинети никој и не знае каде се. Случајот Мавровски работници е еден од четирите предмети за кои Хашкиот трибунал реши да не поведува постапка и ги врати на процесуирање во Македонија.
Обвинети се 23 лица меѓу кои и пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили.
 
Весна Ќуксановиќ
 

Се вчитува...

Коментирај

Понеделник - петок 19:45
22:15
Сабота и недела 21:00
Понеделник - петок 21:05
Понеделник до петок 09:10
Сабота 19:30
Од понеделник до петок, 17:10
Понеделник - петок 9:25

Гледај Online

©2010 sitel.com.mk