Продажбата на државно неизградено земјиште по електронски пат
Министерството за транспорт и врски во соработка со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) работи на изработка на електронско решение што ќе биде користено во менаџирањето со градежното неизградено земјиште кое од 1 јули годинава преминува во надлежност на општините.
Компјутерскиот софтвер треба да биде изготвен до јуни годинава, а до 1 јули да биде дистрибуиран до општините. Со него ќе се овозможи управувањето со градежното земјиште да се одвива на транспарентен начин преку електронско јавно наддавање.
За таа цел веќе е потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС и УСАИД.
- Со потпишувањето на овој меморандум веќе го направивме она што претходно го најавивме дека ќе работиме на подобрување на капацитетите на општините за да можат тие од 1 јули да го преземат управувањето со градежното земјиште. Само се очекува Законот за градежно земјиште да помине во собраниска процедура и потоа да се започнат другите активности, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната средба со медиумите.
Министерството, исто така, преку работно тело ќе врши и обуки на општинската администрација во просториите на ЗЕЛС со цел да се овозможи ефикасна имплементација на Законот за градежно земјиште.
Законот предвидува од 1 јули годинава управувањето со неизградено државно градежно земјиште да премине во надлежност на општините откако тие ќе ги исполнат условите предвидени со законот. Со имплементацијата на законот се очекува клиентите да добијат побрзи услуги и целата постапка на купување и давање под закуп на градежното земјиште и добивањето на градежни дозволи да биде на едно место.
Бизнис
|





















Fala bogu
15 godini go zboruvame ova , vreme bese veke ednash.bravo za vladata ogromna podrshka.
Коментирај