Над една третина од кучињата во Велика Британија се дебели

Повеќе од една третина од кучињата во Велика Британија се со поголема тежина од онаа што треба да ја имаат, па затоа стануваат дебели, покажува истражувањето што го направи британската државна ветеринарна служба.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, проверката што е направена на околу 30.000 британски кучиња во изминатите четири години откри дека дури 35 отсто од домашните миленичиња се премногу тешки. Пред четири години, процентот на дебелите кучиња изнесувал 21 отсто.

Ветеринарните експерти предвидуваат дека доколку продолжи ваквото темпо за четири години дури половината од сите домасни кучиња ќе бидат дебели.

Дебелеината, исто онака како што е штетна за луѓето, не е добра ниту за животните затоа што е закана за здравјето и го скратува нивниот живот.

Воведена е програма за слабеење на домашните миленичиња со организирање на посебен натпревар за кучето кое ќе биде најуспешно во намалувањето на својата прекумерна тежина. Целта на проектот, што ја организира клубот „Пет фит“, е да се охрабрат сопствениците на кучињата да ги вклучат на програмата за слабеење.

Победник на натпреварот минатата година беше лабрадорот Кино од англискиот град Плимут. Ова куче ослабнало 10 килограми откако претходно имало дури 46 килограми повеќе од неговата нормална тежина.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Од недела 21:30 часот
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:20
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk