Словенски министри и пратеници приведени за корупција

09.03.2010 - 22:13 |

Словенечката полиција испрашува пет луѓе, вклучувајќи го министерот за земјоделство и двајца пратеници, под сомневање за корупција при продажба на земјиште.

Полициски извори за тамошните медиуми потврдија дека пет лица се приведени во истрага за криминал и корупција во високите кругови на власта.

Осомничените не се идентификувани, но полицијата соопшти дека ги претресува нивните куќи, работни места, вклучувајќи го и парламентот.

Словенечките медиуми соопштија дека осомничени се министерот за земјоделство Милан Погачник, двајца опозициони пратеници, градоначалникот на Мурска Собота и поранешниот директор на единственото словенечко меѓународно - товарно пристаниште Копер.

 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk