|
17.05.2012 - 07:44
Панајотис Пикраменос формира службена влада на Грција, која ќе ја води земјата до новите парламентарни избори на 17 јуни. |
17.05.2012 - 07:37
Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. |
|
16.05.2012 - 21:59
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц изјави вечерва дека е уверен оти Ратко Младиќ ќе има фер судење, со оценка дека станува збор за „мошне важно“ судење со оглед на тоа дека тоа е продолжение на процеси, кои се веќе водени пред Трибуналот. |
16.05.2012 - 21:58
Осум лица беа убиени денеска, а петмина беа ранети во напад на вооружени мажи врз западниот либиски град Гадамес и судири со локалните жители. |
|
16.05.2012 - 21:01
Собранието на Република Македонија попладнево ја продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, предложен од страна на опозициските пратеници, а се однесува на процесот на приватизација на општествениот и државниот капитал. |
16.05.2012 - 20:55
Генералниот секретар на Елисејската палата, по неколкучасовно доцнење во 16 часот го соопшти составот на новата француска влада, предводена од премиерот Жан-Марк Еро. |
|
16.05.2012 - 20:39
Новата палестинска Влада денеска положи заклетва пред претседателот Махмуд Абас. Тоа е трет привремен владин кабинет по отцепувањето на Западниот Брег од Појасот Газа во 2007 година. |
16.05.2012 - 20:25
Косовскиот заменик премиер и министер за правда, Харедин Кучи за време на посетата на Тетово изјави дека Косово е заинтересирано Македонија да биде стабилна и функционална држава. |
|
16.05.2012 - 19:58
Истрагата на познатиот американски Универзитет Колумбија покажа дека еден жител на Тексас пред 23 години е неправедно погубен за злосторство, кое не го сторил, што претставува силен аргумент за противниците на смртната казна, кои бараат таа да се укине во оваа американска сојузна држава. |
16.05.2012 - 19:53
Џенифер Лопез е прогласена за најмоќна позната личност на светот на годишната листа на „Форбс“ „Селебрити паур 100 (Celebrity Power 100)“. |
|
16.05.2012 - 19:47
Кетрин Ештон, високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисијата, соопшти денеска дека ќе назначи 15 нови претседатели на делегациите на ЕУ ширум светот, како и двајца нови заменик-претседатели на делегацијата. |
16.05.2012 - 19:32
“ Добитокот, куќата, покуќнината станаа пепел. Огнената стихија за само половина час ми зеде се. Среќа што не бев дома, па, останав жив..” вака ја започнува својата лична трагедија, 48-годишниот Владо Цветаноски, кому ноќеска во пожар му изгоре домот и шталата заедно со добитокот. |



























