Бизнис
16. March 2018 - 19:45

Дивечот опасен за здравјето - тешки метали откриени во фазаните, дивите свињи и зајаците

Црниот дроб од дивечот е ризичен по здравјето на луѓето. АХВ апелира граѓаните да не го конзумираат.  Анализите покажале дека содржи и до 10 пати поголема количина на тешки метали од дозволената. Во загрозените видови влегуваат дивите свињи, птиците и зајакот. Најпогоден е дивечот во Куманово, Велес Гевгелија Прилеп и Струга а лани во 4 случаи повеќе тешки метали биле утврдени и во мускулното ткиво.

- Во црниот дроб на дивечот, посебно кај дивата свиња, дивите птици и зајакот, се утврдени поголеми количини олово, кадмиум и жива поради што се препорачува овој орган да не се консумира. Особено ова важи за ловџиите кај кои, традиционално, по ловот, најпрво се јаде црниот дроб и тоа е вид гоштевање, нивно и на семејството -истакна Атанасов.

Претпоставките се дека тешките метали доаѓаат од почвата, а препорака е заловениот дивеч да се однесе на испитување. Од Агенцијата уверуваат дека месото од дивечот што се наоѓа на менијата во рестораните е безбедно.

- Дали дивечот во рестораните е безбеден, Атанасов потенцира дека секое месо што се пушта во промет претходно подлежи на контроли.

За скандалот со белгиското месо со поминат рок кое се најде и на косовскиот пазар Атанасов уверува дека нема такво на македонските трпези. Белгиско месо увезуваме, но не од компанијата која отпадот од кланиците го преработувала во мелено месо.