Тенис
29. November 2015 - 17:06

Дејвис куп: Триумф на В. Британија по 79 лета

Велика Британија по пауза од 79 години успеа да го освои пехарот во Девис купот. Благодарение на Енди Мари, Британците во Гент славеа над Белгија со 3-1.
 
Мари, во петокот го доби својот меч во сингл, потоа во саботата со својот брат Џејми триумфираше во игра на двојки, а во неделата Мари го освои третиот поен за Британците откако славеше над Гофан со 3:0 (6:3, 7:5, 6:3).
 
„Не можев да замислам дека ќе имаме можност да направиве нешто вакво“, рекол 28-годишниот Мари, кој сезонава во Девис купот забележа победа во сите 11 дуели.