Македонија
8. March 2016 - 13:46

Дебата: Зголемен интересот на ЕУ за Македонија и регионот

 „Перспективите на сегашните предизвици за интеграција на Македонија и Западниот Балкан во Европската унија“ е темата на која денеска разговараа учесниците на тркалезната маса организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“ - Канцеларија Македонија.

Зачестените посети на европските претставници во земјите во регионот, вклучително и во Македонија, според учесниците во дискусијата, се показател за зголемен интерес за него, и тоа не само поради бегалската криза туку воопшто.

На тркалезаната маса беше разгледуван и документ изготвен од пратениците од СДП во германскиот Парламент во кој се наведени насоки и препораки за делување за забрузување на интереацијата на целиот регион во Европската унија.

Ние во докуметот, рече пратеникот во Бундестагот Метин Агверди, ги запишавме сите главни поенти кои се важни за забрзување на процесот на интеграција на овој регион во ЕУ, бидејќи од ветувањето на Унијата за негова европска перспектива се изминати 12 години.

Тој смета дека за приближување до ЕУ е потребно забрзување и на реформските процеси, за овозможување на владеењето на правото, слобода на медиумите.

- Процесот треба да продолжи, не и покрај бегалската криза, туку и поради неа. Разговаравеме и за бегалската криза која не треба да е оправдување за политичките реформи кои треба да се направат во земјата. Кризата дури ја гледаме и како шанса, истакна Агверди.

Зборувајќи за претстојните избори, тој порача дека за нив е поважно да има фер отколку брзи избори. Слободата на медиумите, додаде, е важна генерално, но особено пред одржувањето на изборите.

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска истакна дека ова е можност да се разговара за начините како Македонија да се врати на мапата на Европа.

- Овие десет години се загубени за нашата европска перспектива и членство во ЕУ, но тоа е зад нас. Имаме политика, план и јасна програма како Македонија повторно да ја вратиме на европската мапа и на нас да не се гледа низ призмата на европската криза, нешто што се случува, сега туку како на земкја која заслужува да биде членка на ЕУ, истакна Шекеринска.

По добивањето на кандидатскиот стус во 2005 година, рече таа, наша обврска е да ја вратиме Македонија во европскиот процес, да ги почнеме преговоирите и успешно да го реализираме нашиот стратешки приоритет кој сите не поврзува, а тоа е Македонија да стане членка на ЕУ.

- Задоволство ни е што во овој процес како граѓани, како Македонија ќе добиеме поддршка од страна на социјалдемократите во Германија, кои со својот подготвен документ велат дека местото на Македонија како дел од Западниот Балкан е во Европа и предвидуваат серија мерки и поддршка со кои ќе и помогнат на земјава да го направи овој помалку и квантен скок, рече Шекеринска.

Директорката на ЕПИ, Малинка Ристевска - Јорданова смета дека зачестените посети на претставници од земјите членки на ЕУ се знак за нивен интерес за Балканот.

Документот на социјалдемократите од Германија, според неа  е значаен и исто така доказ за зголемиот интерес, бидејќи, како што рече, со него се бара позасилен и поинтензивен пристап кон целиот регион

- Ова секако е и во контекст на бегалската криза, но и повеќе генерално во контекст на зајакнување на декократијата и економскиот развој, рече Ристевска - Јорданова.

Пратеничката Лидија Димова се согласува дека станува збор за зголемен интерес, вклучително и кај Германија, особено, како што рече, ако се води сметка за фактот дека процесот за стабилизација и асоцијација практично таа го повлекла кон крајот на деведесеттите.

- Ова е втор сигнал дека Германија е подготвена за да направи нешто за да го забрза процесот на пристапување на целиот регион во рамки на ЕУ. Дел од препораките се добри навистина и мислам дека можат да направат поприлично да ги раздвижат работите, рече Димова.