Бизнис
16. March 2018 - 19:58

Дебата за новиот рудник Боров Дол кај Радовиш

Рудникот „Бучим“ кај Радовиш, планира да инвестира 50 милиони евра во новиот ископ кај Боров дол, за експлоатација на околу 30 милиони тони бакарна руда. Ова е единствениот начин рудникот да продолжи да работи и во наредните 10 години, зашто резервите на Бучим ќе се испразнат до 2020 година. На денешната јавна расправа за влијанието на новиот рудник врз животната средина беше потенцирано дека, тоа ќе биде минимално и од локален карактер.

- Ќе се гради модерно и врз животната околина надвор од концесискиот простор, практично нема да има никакво влијание-изјави Николајчо Николов, заменик менаџер во рудникот „Бучим“-Радовиш

Најблиското село до ископот е Брест, со 4-ри постојани жители кои се занимаваат со сточарство, а околните населени места се одамна де популаризирани. Мештаните велат дека наместо опасност, во новиот рудник гледаат извор на егзистенција.

- Во модерно време се живее. Нема да има загадување, а ако се оди на варијанта за чист воздух, би рекол само дека „гладен стомак не трпи чист воздух“-изјави Стојанче Трајанов, жителна село Брест

Во Боров дол е предвиден само површински коп, а рудата преку транспортна трака ќе се носи во Бучим и ќе се преработува во постоечкиот рударски комплекс.