23.10.2014 - 00:21 |
Последна промена пред 1 час 21 мин

Дебар и Пешкопеја заедно во заштита на биодиверзитетот

Дебар и албанската општина Пешкопеја ги координираат заедничките активности за заштита на биодиверзитетот на природниот амбиент во пограничната област.

На Регионаната конференција, одржана во Подгорица, организирана  од  Регионалниот центар за екологија, РЕЦ, со учество на општини од државите на Југоисточна Еропа, било оценето дека пограничните проекти за заштита на биодиверзитетот имаат голема важност и се неопхдни во заштитата на животната средина во регионот.

Во склоп на тоа, Дебар, како единствена општина од Македонија на конференцијата треба да подготви проект заедно со Пешкопеја.

- Дебар и Пешкопеја делат заеднички став дека под итно е неопходно продалабочување на соработката во заштитата на биодоверзитетот на природата. Во тој правец, можностите да се обезбедат средства од европски фондови се големи, вели Или Мирзо.

Според егологистите од пограничните општини, заштитата и чистотата на водите, воздухот и земјата е повеќе од неопходно.

- Заштитата на биодиверзитетот не може да се оствари ако тоа не се прави од двете страни на границата, смета Газменд Цами од дебарското еколошко друштво „Дешат“.

Еколошките друштва оценуваат дека загадувањето на реките во Дебарско, Радика и Црн Дрим, како и Дебарското езеро директно ги загадуваат и водите од другата страна на границата. 

Слични вести

Македонија