Балкан
31. July 2015 - 21:05

Чудо на островот Самос: Крвави солзи од иконата на светата великомаченица Ирина

Чудото било забележано уште во ноември минатата година кога од десното око на светицата Ирина протекла солза. По три месеци во февруари годинава повторно е забележана солза, но од левото око, но во мај појавата се повторила со поголемо количество течност о тогаш станало јасно дека солзите личат на крв.
 
На островот Самос во Грција проплака крв иконата на светата великомаченица Ирина.
 
Веста многу гласно одѕвони во Грција, но и во целиот свет. Станува збор за уникатна икона на светицата Ирина, која се наоѓа во црквата „Света Ирина“ во Вата од 1970 година, кога е отворена црквата.