Цакалотос: Грција е подготвена да застане на нозе
Грција е подготвена да застане на нозе и државата нема да има потреба од строг надзор по август, кога ќе заврши сегашната програма за спас, изјави грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос во одделни интервјуа за францускиот весник „Еко“ и британскиот „Фајненшл Тајмс“.
Цакалотос е убеден дека Грција ќе излезе од програмата за спас во август, истовремено овозможувајќи и брзо преструктурирање на грчкиот долг.
Грчкиот министер за финансии смета дека стравувањата на европските партнери на Грција се неосновани, бидејќи државата може со сигурност да управува со своите финансии.
- Ние сакаме Грција да излезе што е можно почиста од програмите за спас, односно државата да не се обврзува повеќе на ангажмани кон надворешни кредитори, вели Цакалотос, потенцирајќи дека по излегувањето од рецесија минатата година, економијата на Грција се очекува да забележи раст од 2,5 отсто оваа и следната година.
Тој истакна дека новиот план на економскиот развој на Грција, кој ќе биде претставен во април, ќе ги смири стравувањата искажани од ЕУ и ММФ дека Атина може да се откаже од непопуларните економски реформи, предвидени со програмата за спас.
Високи претставници на ЕУ и ММФ се загрижени дека Грција ќе продолжи да има потреба од превентивна кредитна линија, со цел да ја зачува довербата на пазарите и инвеститорите.
Цакалотос изјави дека Еврпа не е особено наклонета да и обезбеди на Грција дополнителна кредитна линија, имајќи предвид дека во јуни минатата година беше постигнат договор меѓу министрите за финансии од еврозоната и Грција дека Атина треба да создаде капитална резерва од околу 18 милијарди евра, за да се справи со враќањето на долгот, откако државата ќе излезе од програмата за спас.
Грчкиот министер за финансии смета дека таа капиталена резерва може да биде создадена и дека средствата ќе дојдат од последните транши кредити за Грција од тековната програма за спас, како и од заемите од Евроспкиот стабилизационен механизам и преку кредитирање на пазарот на капитал.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово