Балкан
25. April 2017 - 12:14

Бројот на починати од морбили во Романија достигна 23 жртви

Петмесечно бебе е последната жртва на епидемијата од морбили во Романија. Тоа починало во Инфективната болница во градот Темишвар, со што смртниот биланс во оваа земја се искачи на 23 жртви, јави Аџерпрес.

Починатото девојче не било вакцинирано, зашто не ја достигнало соодветната возраст.

Регистрираните случаи на заболени од морбили во Романија од септември 2016 година досега, ја надминаа бројката од 4.000. Три четвртини од нив се деца под 10 години, а најмногу се оние од една до четиригодишна возраст.