Балкан
13. January 2018 - 16:18

Брисел и Вашингтон координирано го забрзуваат процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и НАТО

Сакаме стабилен и просперитетен Балкан, ова е пораката која деновиве  доаѓа од челните луѓе на Европската Унија.

Јункер и Туск се согласуват дека не смее да се дозволи во регионот да се повторат мрачните настани од минатото.  Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск на бугарски јазик на церемонијата во Софија  по повод стартот на бугарското претседавање, балканската историја ја спореди со сценариото на познатиот серијал Игра на Престолот.

И претсдателот на Европската Комисија потенцираше дека на земјите на Западен Балкан треба да им се даде јасна перспектива за членство, но се огради дека прием на нови членки во Унијата нема да има до 2020 година. 

Високи дипломатски извори од Брисел се надеваат дека  за време на претседавањето на Бугарија , во следните шест месеци, ќе се намали трурско и руско влијание во регионот. Но, не само во Брисел туку и во Вашингтон постои загриженост од источните влијанија во државите на Балканот.

Во најновиот извештај на демократскиот сенатор Бен Кардин,  презентиран пред Комисијата за надворешни работи, се критикува претседателот дека нека не прави ништо за да го намали притисокот на Путин во балканските земји.

Како одбрамбен механизам  за ваквото влијание, се споменува токму евроинтегрирањето на регионот како начин да се одбрани демократијата  пополни вакумот во Западен Балкан.