Бизнис
22. December 2015 - 20:36

Бизнис заедницата и инспекцискиот совет ќе соработуваат за намалување на сивата економија

Фирмите кои работат законски сеуште се соочуваат со проблеми од конкуренцијата која работи на црно. Од бизнис заедницата велат дека ова останува пречка за раст на компаниите. Најмногу случаи на сива економија надлежните посочуваат во туризмот како и транспортот. Класичен пример се газдите на станови и куќи во туристичките места кои за време на празниците и летната и зимска сезона не ги пријавуваат  лицата кои престојуваат кај нив. Ги избегнуваат давачките, и нанесуваат штета на оние кои работат регистрирани. Сличен е и случајот со дивите таксисти. Поради ова ќе се интензивира соработката помеѓу инспекторите и бизнисмените.

- Преку нов проект на контрола на инспекциските служби кај нерегистираните субјекти заеднички ќе работиме кон намалување на нелојалната конкуренција, која е детектирана како еден од најголемите проблеми кои ги има домашното стопанство и е една од причините што економскиот раст е во делумна стагнација во изминатите неколку години. Свесни сме дека треба да почнеме и со примената и имплементацијата на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност што е донесен минатата година и кој ќе биде чекор кон поголем економски раст на земјава, рече Арсовска

За да се избегнат пропустите во работата на фирмите поради недоволна информираност во  правилата  за водење бизнис, надлежните од следната година ќе изготвуваат чек листи за детално информирање на компаниите.

-Во последниот период вршевме компаративни анализи со најдобрите меѓународни практики за спроведување на инспекциски надзор. Од анализите дојдовме до сознание дека инспекцискиот надзор кој има репресивна улога не ги дава истите позитивни резултати како надзорите во кои главната цел е да се обезбеди доброволна усогласеност со законската регултива од страна на субјектите во кои се врши надзоро

Лани за првпат се донесе Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност кој се применува од април годинава. Казните за нерегистрирана  фирма се од 10 до 20 000 евра а за физички лица од 3 до 10 000 евра.