Македонија
19. February 2018 - 16:32

Асоцијација на интернационални водачи - потребна е меѓународна експертиза за настанот

Потребна е експертска анализа и вештачење на постапките  за да се утврдат причините за смртта на младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски кои настрадаа на Кајмакчалан. Во извештајот кој беше доставен од страна на Федерацијата на планинарски спортови не можат да се видат детали за самата несреќа туку само хронологија на настаните, што не е доволно за да се дознае што точно се случувало и за каков вид на несреќа станува збор сметаат од Македонската Асоцијација на Интернационални водичи на планина.

Туристичките оператори мора да користат квалификувани водичи на планина со кои посетителите покрај нив ќе се чуствуваат сигурни и безбедни.

Добрите познавачи посочуваат да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина поради различните стандарди. Инаку Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина има обучени 140 водичи а  во мементов активно членство имаат само 40 .