Тенис
22. January 2018 - 18:07

АО: Комплетирани 1/4-финалните двојки кај дамите

Комплетирани се четвртфиналните парови кај дамите. 
 
Првата носителка, Симна Халеб сигурно во два сета (6-3 и 6-2) ја совлада Јапонката, Осака, па за место во полуфиналето ќе се бори со (6) Каролина Плишкова која  во чешката пресметка ја победи сонародничката Барбора Стрикова со 2-1 во сетови. 
 
Шампионката на АО пред две години, Анџелик Кербер во осминафиналето со 2-1 славеше над Су Веи Хсие од Тајван, па во следната рунда ќе се сретне со Американката, Медисон Кис од САД, која беше подобра од Французинката Каролин Гарсија во два сета, со 6-3, 6-2.