Свет
14. March 2018 - 10:03

Анкета: Австријците сакаат силен лидер

Осумдесет години од обединување на Австрија кон Третиот рајх,  резултатите од најновата анкета  на организацијата „Фолксхилфе“ покажуваат дека Австријците сакаат силен лидер.
 
- Секој четврти Австриец сака силен лидер и тоа е потресен резултат. Сметам дека овој резултат е многу опасен, изјави директорот на „Фолксхилфе“, Ерих Фенингер.
 
Истражувањето покажува и дека Австриците покрај желбата за силен лидер инсистираат и на своето право на демонстрации. Дури 70 проценти од испитаниците оцениле дека ограничувањето на правото на демонстрации е напад врз демократијата.
 
Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер на 13 март 1938 година во Виена прогласи „аншлус“ (припојување, обединување) на Австрија кон Третиот рахј, по што почна прогонот на Евреите и неистомислениците.