Свет
4. March 2018 - 18:17

Aктивистка на Фемен упадна додека гласаше Берлускони

 Активистка на феминистичката група Фемен денеска упадна на гласачкото место во градот Милано, во време кога таму гласаше поранешниот премиер Силвио Берлускони (81).

Жената, на чии гради беше напишано „Берлускони ти истече рокот", скокна на масата додека Берлускони гласаше, по што тој веднаш, во придружба на обезбедувањето, ја напушти просторијата.

Феминистички активистки го прекинаа Берлускони и за време на гласањето и на изборите во 2013 година.

Инаку, на денешните парламентарните избори во Италија, гласаат 50,7 милиони Италијанци, а избирачките места ќе бидат отворени до 23 часот.