Кошарка
14. January 2018 - 17:04

AБА:МЗТ ја прекина серијата од 11 порази

Кошаркарите на МЗТ Скопје конечно се израдуваа на победа откако во рамките на АБА лигата славеа на гостувањето во Загреб против домашната Цибона со 92-77.
Македонскиот првак одигра солиден меч и предводен од расположените Стојановски и Трајковски дојде до  првата победа по 11 порази во серија со што фати приклучок со екипите кои се пред него со две победи повеќе Петро Олимпија и Мега Бемакс. Ова беше само втора победа за МЗТ на гостински терен оваа сезона во јадранската лига и вкупно трета.
Стојановски и Мавра постигнаа по 18 поени кај нашиот тим дополнети од Трајковски со 12.