Бизнис
4. July 2015 - 16:36

64% од автопатот Демир Капија - Смоквица се завршени - Премиерот Груевски во посета на гевгелиско-демиркапискиот регион

Околу 64 % од автопатот Демир Капија -Смоквица се завршени. Најголем напредок во градежните активности има кај подпатниците кои се речиси готови. Целосно се пробиени и двата тунели, а над 80 % од предвидените работи во нив се завршени. Премиерот Груевски заедно со министерот за транспорт Мисајловски изврши увид во градежните активности на автопатската делница.

Делницата е долга 28, 2 км а вкупната инвестиција за изградбата е околу 210 милиони евра.  Се очекува автопатот да биде готов до крајот на наредната година, со што целосно ќе биде заокружена изградбата на Коридорот 10 на ниво на автопат, а коридорот ќе стане модерна делница согласно европските стандарди.

Во моментов покрај Демир Капија –Смоквица се работи  и на автопатот Кичево – Охрид и Скопје – Штип, а интензивно градат повеќе локални и регионални патишта.